Балкан

Велт: Меркел ќе го убедува Макрон за Северна Македонија да ги почне преговорите со ЕУ

Весникот „Велт“ во неделното издание пишува дека германската канцеларка Ангела Меркел ќе го убедува Емануел Макрон за почеток на преговорите со Северна Македонија за јуни оваа година. Оваа информација ја пренесе „Дојче Веле“.

Прво Меркел ќе разговара во четири очи со Заев, а потоа со Макрон. Меркел сака да ја награди земјава поради нејзината заложба во спорот со името, и да ги почне преговорите со ЕУ.

На самитот ќе се разговара и за дијалогот меѓу Косово и Србија.

На состанокот ќе присуствуваат лидерите од западен Балкан, како и францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел, во обидот за решавање на прашањата на земјите во Балканот.

 

The post Велт: Меркел ќе го убедува Макрон за Северна Македонија да ги почне преговорите со ЕУ appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни