Поминаа само неколку дена по несреќата во Будимпешта кога поголем брод удри во помал, при што загинаа осум лица, а 20 и натаму се водат како исчезнати, денеска бродска несреќа се случи во Венеција, каде биле повредени неколку туристи.
Голем крузер удри во мал брод кој бил закотвен на пристаништето. Од видеото се гледа дека луѓето бегаат на сите страни, а се слуша како крузерот се крши.
Повредени биле двајца од малиот брод, а двајца туристи се пренесени во болница. Засега нема информации за загинати.
The post Венеција: Огромен крузен удри во помал брод, луѓето бегаат на сите страни (ВИДЕО) appeared first on ТВ21.