Венецуела започнува масовни воени вежби, 200.000 војници поради засилен американски притисок

Венецуела објави започнување на масовни воени вежби низ целата земја, во кои наводно ќе учествуваат околу 200.000 воени лица, како одговор на растечкото присуство на американските воени сили во регионот.

Венецуелското Министерство за одбрана објави дека вежбите вклучуваат распоредување на копнени, воздушни и поморски сили, а министерот за одбрана Владимир Падрино изјави за венецуелската државна телевизија дека околу 200.000 војници биле вклучени во вежбите, објави денес CBS News.

„Тие убиваат немоќни луѓе, без разлика дали се трговци со дрога или не, погубувајќи ги без судење“, рече Падрино, осврнувајќи се на американските воени напади врз наводни бродови за шверц на дрога во Карибите и источниот Пацифик што започнаа во септември.