Венс: Крајот на руско-украинскиот конфликт е близу!

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс денеска ги поддржа дипломатските чекори на американскиот претседател Доналд Трамп со неговиот руски колега Владимир Путин и оцени дека преговорите меѓу двајцата лидери се клучни за решавање на тековниот конфликт меѓу Русија и Украина.

-Како ќе ја завршите војната ако не разговарате со Русија? Навистина верувам дека сме на прагот на мирот во Европа за прв пат по три години – изјави Венс на Конференцијата за политичко дејствување на конзервативците (CPAC) во Мериленд, пренесува Ројтерс.

Венс ја посочи важноста на дијалогот за постигнување мир.

Конференцијата за политичко дејствување на конзервативците во 2025 година се одржува во Националното пристаниште во Мериленд и ќе има говорници од целиот свет, вклучувајќи ја и поранешната британска премиерка Лиз Трас.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното