Свет

Верешчук: Втор ден по ред нема хуманитарни коридори за украинските цивили

Верешчук: Втор ден по ред нема хуманитарни коридори за украинските цивили
Втор ден по ред нема да има евакуација на украинските цивили од областите погодени од војна, бидејќи украинските и руските власти не успеаја да се договорат за хуманитарни коридори, изјави украинската вицепремиерка Ирина Верешчук, а јави Би-би-си. „Поради безбедносни причини беше одлучено денеска да не се отвораат хуманитарни коридори“, напиша Верешчук на апликацијата Телеграм. Таа ги обвини руските сили за блокирање и гранатирање на патиштата за бегство. „Со кршење на меѓународното хуманитарно право, руските окупатори не престанаа да ги блокираат и гранатираат хуманитарните рути“, додаде таа.
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни