Македонија

Верижна сообраќајка во центарот на Скопје – 5 автомобили се судриле, нема повредени

Верижна сообраќајка во центарот на Скопје – 5 автомобили се судриле, нема повредени

Пет автомобили во миг се удрија на улицата 11 Октомври во центарот на Скопје, кај поранешен ЗОИЛ. Верижната сообраќајка се случи на тргнување по вклучено зелено светло на семафорот на крстосницата, објави Сакам да кажам.

Според СДК, Се слушнаа 4 секавични удари, се дигна бела прашина од воздушни перничиња. Сите излегоа од удрените автомобили, стојат во редица фатени за глава.

Во сообраќајната несреќа нема повредени и се чека да дојде полиција да изврши увид на лице место.

ФОТО: СДК.мк

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни