Верушевски со тврдење за бомбите „сечени лепени“ – СДСМ не коментира, ВМРО-ДПМНЕ: Oва докажува дека Заев манипулираше

„Факт е дека таа документација доживеа страотни модификации и компромитирања. Зборувам за после моето лишување од слобода“, ова е изјавата што вчера Верушевски ја кажа на сведочењето на случајот „Таргет Тврдина“ што оди на линија на тоа дека се сечени лепени монтирани како што тврдеше претходно Никола Груевски. Екс премиерот веднаш се јави со подолг коментар на својот фејсбук профил во кој наведува дека одекнала најсилната бомба што го потврдува нивното тврдење дека откако се појавиле бомбите во 2015  беше објавено дека не се автентички и целовити, односно дека во нив биле вршени интервенции. Од СДСМ велат дека никој не може да ја оспори автентичноста на снимките, а дека во партијата се сосема спокојни и дека тоа со ништо не може да го наруши текот на предметите кои се отворени од СЈО. На прашањето кој бил задолжен за снимките, одговорија дека биле ангажирани неколку лица од тимот на Заев, но не ги кажаа нивните имиња.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека изјавата на Верушевски е доказ дека Зоран Заев манипулирал и не бирал средства само да дојде на власт.

Го контактиравме Ѓорѓи Лазаревски, но тој не сакаше да ја коментира изјавата на Верушевски. Наспроти таквото тврдење пред судот на Верушевски, Лазаревски во неговото сведочење во ноември минатата година рече дека вадењето на материјалите почнало уште во 2010 година, а дека Ѕвонко Костовски ги експортирал кај него кои потоа му ги давал на Верушевски. Во сведочењето на Костовски во март годинава рече дека заедно со Лазаревски од УБК изнеле помалку од 5 отсто од вкупниот број на нелегално прислушуваните материјали и дека му ги дале на Зоран Верушевски, кој пак ги предал на лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното