Балкан

Весели: Косово ќе ѝ одговори на Србија онака како што заслужува, како со таксата, така и со реципроцитет

Владата на Рамуш Харадинај може да биде урната и сите Влади може да заминат , но ниедна Влада не може да ги доведе во прашање односите со САД и опстанокот на воената база Бондстил, изјави претседателот на косовското Собрание, Кадри Весели и нагласи дека се повлекол од расправата во врска со барањето на САД за суспендирање на таксата од 100 отсто што Владата на Харадинај ја воведе на увозот од Србија и Босна и Херцеговина, затоа што „се срами“ од начинот како се третираат граѓаните на Косово.

-Косово ќе ѝ одговори на Србија „онака како што заслужува, како со таксата, така и со реципроцитет“. Некои тоа го сфатиле премногу лично. Никој не може сам да го брани Косово. Треба да знае дека Косово најдобро се брани заедно. Ние политичарите имаме одговорност кон вас, граѓаните, кон Уставот и законите кои се на сила. Суверенитетот на Косово е тоа што е свето, рече Весели.

 

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни