Системот за вештачка интелигенција (AI) може рано да дијагностицира деца со аутизам, објави UPI, повикувајќи се на истражување што ќе биде претставено на годишниот состанок на Радиолошкото друштво на Северна Америка во Чикаго.
Новоразвиениот систем, кој ги анализира резултатите од магнетната резонанца на мозокот, дијагностицира аутизам кај децата на возраст од 24 до 48 месеци со 98,5 проценти точност и прецизност на резултатот, објавија научниците.
Мултидисциплинарен тим од Универзитетот во Луисвил, САД, разви систем на три нивоа за анализа и класификација на резултатите од снимањето на мозокот со специјализирана техника за дифузна МРИ, пренесе БТА.
Тековните дијагностички алатки за аутизам се субјективни, особено кога се проценуваат пациентите на границата помеѓу аутизмот и типичниот развој, рече коавторот на студијата, проф. Ајман Ел Баз, раководител на факултетот за биоинженерство на универзитетот, во е-пошта до UPI.