Денеска во Основниот суд Скопје 1 е закажано продолжение на судењето за убиството на младиот Никола Саздовски, а пред судот треба да сведочат вештаци, кои ја направиле обдукцијата по неговата смрт.
Во овој предмет им се суди на Бесир Беља и на Скендер Демири. Според обвинителниот акт, на 29 јуни годинава двајцата со третиот кој е во бегство, крвинички го претепале Саздовски на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид“ во Автокоманда. Тој на 9. јули почина на скопските клиники.
На претходното рочиште искази даде сведок, кој бил присутен на постојката за време на убиството.
Адвокатот на обвинетиот Беља истакна дека неговиот клиент немал намера, и дека ќе докажат дека смртта на Саздовски настапила поради ударот на метална кутија на ЕВН.