Поврзи се

Балкан

Весниците од Србија по пет месеци повторно се продаваат во Косово

Радиото на српски јазик од северна Митровица „Контакт плус“ јави дека дистрибутерот на весниците од Србија решил да ја плаќа таксата од 100 отсто што на увозот од Србија и Босна и Херцеговина ја воведе Владата на Рамуш Харадинај, така што од вчера Србите од северно Косово можат да го купуваат дневниот печат по истата цена како и во Србија.

– Сите издавачи излегоа во пресрет, ги намалија цените за да го компензираат тој дел за плаќањето на таксата, така што печатот во сите киосци во иднина ќе се продава по иста цена како и во централна Србија, изјави Звездан Михајловиќ, претставник на фирмата „КИМ Беоколп“, која ја врши дистрибуцијата на весниците во Косово.

Тој во изјава за митровичкото радио рече дека издавачите од Србија, со оглед дека не можат да ја плаќаат таксата, ја намалиле цената на весникот и на дистрибутерот му определиле поголем рабат, така што се дошло до цена која граѓаните можат да ја платат.

Михајловиќ додаде дека од вчера српскиот печат се дистрибуира на северот од Косово, а од почетокот на наредната недела се очекува нормализација на дистрибуцијата и јужно од реката Ибар.

Дневниот печат од Белград од 22 ноември минатата година, кога Владата во Приштина ја воведе таксата на српскиот увоз, не се продаваше во Косово. Српските издавачи, според „Радио контакт“, првично се согласија да ја платат таксата, но потоа на царина е барано во декларацијата да пишува дека „стоката се увезува во Република Косово“, додека сега тоа не е случај и овој увоз, освен со дополнителната такса, влегува во земјата со истите процедури како и порано.

The post Весниците од Србија по пет месеци повторно се продаваат во Косово appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com