Од Белата куќа денеска соопштија дека секоја сугестија дека американскиот претседател Доналд Трамп размислува за 90-дневна пауза на царините, чие воведување им го соопшти на голем број земји во светот, е „лажна вест“.
„Лажни вести“, изјави портпаролката на Белата куќа Каролин Левит за CNBC News.
Ливит со тоа го демантираше известувањето на некои американски медиуми кои, повикувајќи се на неименуван извор од Белата куќа, претходно денеска објавија дека Трамп размислува за 90-дневна пауза во воведувањето тарифи за сите земји, освен за Кина.
СЛЕДЕТЕ НЕ: