ВИДЕО: 106 години по потонувањето, пронајден е бродот на познатиот истражувач. Погледнете го видеото

На длабочина од 3.000 метри под мразот на Антарктикот, пронајден е потонатиот брод на познатиот брод Ендуранс, потопен пред сто години, на кој пловел еден од најголемите светски истражувачи, Сер Ернест Шеклтон, соопшти експедиција.

Едриличарскиот брод со три јарболи бил изгубен во ноември 1915 година во првиот неуспешен обид на Шеклтон да го премине Антарктикот по копно.

Сите досегашни обиди да се лоцира дрвената руина долга 144 метри, чија локација беше запишана во дневникот од капетанот на Едуранс Френк Ворсли, пропаднаа поради нехуманите услови во областа на Веделското Море.

Но, мисијата Ендуранс22, организирана од Фолкландс поморско наследство, користејќи напредни подводни возила Sabertooths опремени со камери и скенери со висока резолуција, успеа точно да го лоцира бродот.

Снимките покажаа дека бродот е во исклучително добра состојба, а неговото име е јасно видливо на крмата. Менсун Боунд, еден од водачите на истражувачката експедиција, изјави дека сите членови биле „преплавени од среќа“.

„Најдобро сочувана руина“

„Ова е убедливо најдобро сочуваната руина на дрвен брод што некогаш сум ја видел. Стои исправено, закопано во морското дно, недопрено и брилијантно сочувано“, рече Боунд.

Експедиција предводена од британскиот поларен истражувач Џон Ширс ја водеше операцијата од јужноафриканскиот мразокршач Агулхас II.

Нејзините членови го лоцирале Едуранс на шест милји од местото снимено од капетанот Ворсли.

Приказната за издржливост

Едриличарскиот брод со три јарболи потона во ноември 1915 година за време на неуспешниот обид на Шеклтон да го направи првиот копнен премин преку Антарктикот. Планот пропадна кога бродот потона и ги остави познатиот истражувач и членовите на неговиот екипаж заглавени на мразот на Антарктикот.

Тие најпрво пешачеа преку морскиот мраз, а потоа испловија со три чамци за спасување и стигнаа до ненаселениот остров Слон, стотици милји оддалечен од најблиската населба.

Очаен да добие помош, Шеклтон веслаше околу четиристотини наутички милји (1.300 километри) со четворица членови на екипажот во мал брод за на крајот да стигне до недостапниот остров Јужна Џорџија. Таму нашле помош на привремена станица за китови.

Во четвртиот обид за спасување, Шеклтон успеа да се врати и да го земе остатокот од екипажот од островот Слон во август 1916 година, две години откако неговата експедиција исплови од Лондон.

И покрај сето она низ кое беа принудени да поминат и шеснаесет месеци откако останаа без брод, сите членови на екипажот на Ендуранс, 28 од нив, го преживеаја бродоломот и се вратија дома.