Луѓе се собраа на улиците на Софија, главниот град на Бугарија, протестирајќи против наглото зголемување на даноците предвидено во нацрт-буджетот за следната година, пред неговото конечено усвојување во парламентот.
Протестот го организираше опозициската коалиција, а се проценува дека на улиците излегоа околу 20.000 луѓе. Собирот се одвива во момент кога таа балканска држава се подготвува да влезе во еврозоната со почетокот на следната година.
В името на хората @BBCWorld @SkyNews @EU_Commission @CNN @FoxNews @Europarl_EN – check what is happening in downtown Sofia after coalition between @BoykoBorissov and the famous magnitsky guy Delayn Peevski.
Do you want another Orban? pic.twitter.com/Mk2lJloGGH— Казано Чесно (@CesnoKazano) November 26, 2025
Протестот ја одразува широко распространетата загриженост поради економските последици од буџетот врз граѓаните и деловниот сектор, вклучително и зголемување на придонесите за социјално осигурување и дуплирање на данокот на дивиденда.
Коалициската влада има стабилно мнозинство
Демонстрантите формираа човечки ланец околу зградата на парламентот и се обидоа да ги блокираат возилата на пратениците, што доведе до интервенција на полицијата за спречување на насилство. Полицијата соопшти дека протестирачите фрлале шишиња и петарди кон службениците, при што беа повредени тројца полицајци.
И покрај противењето на различни општествени групи и предупредувањата на економистите дека нацрт-буджетот носи значителни ризици, се очекува тој сепак да биде усвоен, бидејќи коалициската влада има стабилно мнозинство во парламентот.
Буџетот предвидува рекорден обем на државна потрошувачка од речиси 46% од БДП. Зголемувањето главно ќе се финансира преку повисоки даноци за компаниите и работниците, како и преку нагло зголемување на јавниот долг.