Свет

ВИДЕО 4 загинати, 6 повредени: Расте бројот на жртви во падот на мост во Јужна Кореја

ВИДЕО 4 загинати, 6 повредени: Расте бројот на жртви во падот на мост во Јужна Кореја

Четири лица загинаа, а шест се повредени при уривање на мост во градот Ансон во Јужна Кореја. Несреќата се случила утринава околу 9:50 часот по локално време на местото каде што има градилиште за автопат, јавува Јонхап.

До несреќата дошло кога неколку бетонски блокови паднале од височина врз десет работници кои биле под мостот.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа моментот на катастрофата.

Јужна Кореја има една од највисоките стапки на смртност на работното место во ОЕЦД, пишува Вашингтон пост.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни