Ширли Пасаманиќ (70) била на шопинг со својот 14-годишен териер, Спарки, во Орландо, Флорида, кога голем питбул одеднаш се нафрлил врз нив и го нападнал нејзиното куче. Во очаен обид да го заштити Спарки, Ширли го каснала питбулот за вратот. Таа исто така го удирала повеќе пати со својот бастун.
Неколку минути подоцна, се појавил сопственикот на питбулот и го одвоил кучето, но не ѝ обрнал внимание на Ширли. Властите на Флорида не соопштиле дали е покрената истрага против сопственикот.
Спарки беше касната за време на нападот од другото куче, но е во стабилна состојба. Ширли претрпе полесни повреди. Она што најмногу ја повреди беше рамнодушноста на минувачите, кои не ѝ дојдоа на помош за време на инцидентот.