ВИДЕО „Ајде сите на нотар“: Зајкова со порака до колегите во Собранието

Пратеничката Моника Зајкова преку објава на социјалните мрежи упати повик до нејзините колеги пратеници да постапат на ист начин како неа, оценувајќи дека е потребно, како што вели, да се покаже јасен став преку нотарски изјави, а не политички популизам.

Во објавата на Фејсбук, Зајкова наведува дека пратениците треба да поднесат „иста изјава кај нотар“, со цел, како што посочува, да се види дека станува збор за принципиелен став, а не за популистички потег.

„Ајде колеги, сите на нотар со иста изјава – да се види дека е став, а не популистички потег. Или сте за само со македонско државјанство или манипулирате“, напиша таа.

Зајкова додава дека таа веќе поднела нотарска изјава, нагласувајќи дека не станува збор за манипулација и повикува и останатите пратеници да ја следат нејзината постапка.

Таа директно ги повика своите колеги во Собранието да ја следат нејзината иницијатива и да го направат истиот чекор.