Поддржувачите на Социјалдемократската партија го гаѓаа премиерот на Косово, Албин Курти со цреши.
Настанот се случи пред зградата на Владата каде што требаше да биде претставен буџетот за 2023 година.
Откако беше гаѓан со цреши, Курти влезе во зградата преку таен влез, придружуван од обезбедувањето.
„Ги користи разговорите со граѓаните како платформа за бегство од главната тема. Курти е заинтересиран вчерашната тема што поскоро да се заборави, бидејќи зад прифаќањето на некоја ситна тема, како што се табличките, се криеше едно големо прашање, прифаќањето на Заедницата на српски општини. Тие рокови требаше да ја потхранат сликата за отпорот кој не успеа. Премиерот го голташе секој нивен збор. Исто како во басната за цреши. Граѓаните на државата неселективно ја јадат штетата. Господине премиер, црешите се само за вас“ – велат од СДП.