ВИДЕО Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс нападнат додека скијал

Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс се надеваше на релаксирачки викенд на скијање во Вермонт, но гневните граѓани го пречекаа со транспаренти и скијачи кои за малку не се удриле во него, пренесува Јаху Њус.

Тој во саботата го посети одморалиштето Sugarbush во Ворен, по што од TMZ добија снимка од потпретседателот како скија. Неговото лице не се гледа, но посетителите кои биле во Вермонт истиот ден велат дека тоа е Венс. Претходно, тој беше фотографиран и на скијање во слична јакна како на видеото.

Тој се спуштил прилично бавно, а потоа во него скијале двајца скијачи. Потпретседателот едвај избегна судир и помина без повреди.

Претходно, кога само што доаѓаше на планина, граѓаните го пречекаа со транспаренти на кои пишуваше дека е „куклата на Путин“. Тој само ги поздрави.

Војната во Украина е една од жешките теми по расправијата на Венс и претседателот Доналд Трамп со украинскиот претседател Володимир Зеленски, што се случи во петокот во Овалната соба, пренесува Јутарњи.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното