ВИДЕО Арсовска се вклучи лајв на Фејсбук од дивоградба во Чаир, а градоначалникот го нарече “принцеза”

Денеска со својот тим на соработници, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска излезе на терен во општина Чаир и обвини дека се гради дивоградба.

Според Данела никаде нема овластени лица од општината која ја предводи градоначалникот Висар Ганиу.

Целиот нејзин настан го објавуваше во живо на својот Фејсбук профил.

„Во општина Чаир, спротивно на закон си почнале нова дивоградба. За жал до моментов не реагира МВР. Го повикуваме министерот Панче Тошковски да реагира, но и Стојанче Ангелов да ги види овие необезбедениве дупки. Да се излезат на лице место и да каже дали има „сејфти фрст“, вели Арсовска и додава: „Направен е сериозен ископ и отпочната градба. Општина Чаир ја нема никаде, нормално „принцезата на дивоградбите“ го нема никаде и тој не знае што се случува во општината. Без никаква дозвола, нема платено комуналии, нема одобрение за градење, нема проект, нема ниту документ кој што ќе гарантира сигурност“.

Арсовска во текот на видеото можеше да види како се расправа со работниците кои работеа на дивоградбата.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното