ВИДЕО Автобус излетал од патот во Турција, повредени повеќе од 30 лица

Меѓуградски автобус излетал од патот во турската провинција Анталија, при што се повредени 33 лица, јави денеска ТРТ Хабер.

Несреќата се случила во областа Газипаша, додека автобусот сообраќал од Анталија кон Адијаман во источна Турција.

„Возачот на автобусот изгубил контрола и возилото излетало од патот во ендек. Во несреќата повредени се 30 патници, како и возачот и двајца негови помошници“, објави ТВ каналот.

 

 

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното