ВИДЕО Блокиран патот Битола-Ресен, група граѓани протестираат со запален оган на патот

Сообраќајот на патниот правец Битола–Ресен е целосно во прекин поради протест на група граѓани. Околу 300 лица денеска во 16:30 часот го блокираа патот А-3 Ресен–Битола, кај локацијата позната како Ромска населба.

Протестот се одвива со поставување и палење гуми на коловозот, со што е оневозможено движењето на возилата во двата правца. Поради запалениот оган на патот, сообраќајот е целосно запрен, а возачите се принудени да користат алтернативни правци.

Според достапните информации, причината за протестот се измените во Законот за сообраќај, со кои демонстрантите изразуваат незадоволство. На терен се очекува присуство на полициски екипи кои ќе го регулираат сообраќајот и ќе се грижат за безбедноста на учесниците и останатите граѓани.