Бурата која по Божиќ го зафати западниот дел на САД и однесе два животи, се претвори во бурни врнежи кои ќе донесат поплави на југоистокот од Мексичкиот залив и во Нова Англија, соопшти денеска Националната мереролошка служба на таа земја.
„Ќе донесе многу дожд, ја следиме можноста за поплави и издадовме предупредување за целиот источен брег, но во суштина, ова се смалува. Мислам дека ќе има доста дожд, но не можам да кажам дека ова е толку опасен настан“; истакна Брајан Харли, метеоролог од Мериленд.
Бурата, како што потсетува агенцијата, ослабнала во четвртокот вечер, но претходно го однела животот на еден мотоциклист во Канзас, а ден пред тоа жена го загубила животот откако дрво паднало врз нејзината приколка.
Затоа вонредната состојба траеше и во петокот утрото.
„И натаму постојат некои предизвици, но ова повеќе не е снежна бура“, истакна Харли.