ВИДЕО Чивава навистина не сака да ја допираат без дозвола, погледнете како реагира

Сопственичката на преслатката деветгодишна чивава покажа како нејзиното куче реагира на галење. Додека кучето спие на каучот, неговата сопственичка Ребека почнува да го допира, на што тој реагира прилично изненаден.

„Тој секогаш ме осудува кога му посветувам внимание без негова дозвола“, изјави Ребека за Newsweek откако нејзиното видео, кое можете да го погледнете подолу, стана вирално на TikTok.

@becca_cody_ollie

♬ Aint No simpin – Oh that’s Boogie🤣

Видеото собра повеќе од 900.000 прегледи и воодушеви многумина.

„Ова е речиси театарска реакција“, гласи еден од коментарите.

Иако кучињата обично ги поврзуваме со љубов кон вниманието, не сите се ентузијасти за гушкање. Оваа чивава е најдобар доказ.