ВИДЕО Дали е ова најлудата полициска потера што сте ја виделе?

И покрај тоа што не може да постигне брзина поголема од 10 km/h, не беше лесен плен за полицијата.

Видеа од драматични бркотници во кои криминалците се обидуваат да и побегнат на полицијата со брзи возила најчесто доаѓаат од американските патишта. Но, одвреме-навреме се случуваат и такви случаи.

Еден крадец во градот Мобил, во сојузната држава Алабама, се обидел да и побегне на полицијата со мини натоварувач!

Сè започнало утрото на 30 јануари, кога работниците на локалната компанија за одржување на патиштата откриле дека им недостасува утоварувач и брзо ја известиле полицијата за кражбата. Недолго потоа бил забележан криминалец во мало возило, за малку ќе удрил во пешак, а потоа почнал да бега од полицијата.

И покрај тоа што натоварувачот не може да постигне брзина поголема од 10 km/h, тоа не беше лесен плен за полицијата. Имено, тој удрил во едно полициско возило, додека другите се повлекле кога им се приближил.

За жал, оваа потера не помина без пукање. Wear News известува дека полицијата отворила оган врз возачот откако тој не ги послушал наредбите да застане. Возачот е повреден и пренесен на лекување во локалната болница.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното