Забава

ВИДЕО: Дали сте слушнале како пее Марјана Станојковска?

Сите ја знаеме згодната и шармантна „Лото“ водителка, Марјана Станојковска, но дали некогаш сте ја слушнале како пее?

Доколку не, сега имате можност.

Таа на својот Инстаграм профил објави видео од Фест -Охридски Трубадури 2021 каде заедно со Владо ја отпеја песната „ Ciao Amore“.

„Охридски Трубадури 2021-ва имав можност заедно со нашиот специјален гостин Владо Калембер да го изведеме негов познат хит од 1984 “Ciao Amore” инаку дует со Изолда Баруџија кој премиерно беше изведен во Универзалната Сала во Скопје во рамките на тогашната Југовизија, а како победничка нумера за таа година подоцна и претставник на Југославија на Евросонг во Луксембург“, напиша Станојковска.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни