ВИДЕО Џиновска риба нападна „сирена“ во аквариум: Едвај се спаси!

Аниматорката (22) која глумеше сирена во аквариумот за влакно избегна огромна риба која ја нападна.

Во последните денови на социјалните мрежи кружи видео од аниматорка преправена во сирена во аквариум за посетители. Во еден момент до неа доплива голема риба и ја нападна. Аниматорката за влакно го избегна најлошото.

Како што пишува британскиот таблоид Дејли Мејл, инцидентот се случил во паркот Ксишуангбана во Кина. Гласините велат дека сирената е 22-годишната Русинка Маша. Рибата при нападот и ги извадила очилата, а жената наводно се здобила со повреди на главата, вратот и очите.

Руските медиуми објавија дека 22-годишната девојка, наводно, била принудена да се врати во аквариумот по нападот, иако имала болки. По нападот, наводно и биле понудени нешто помалку од 95 евра како „морална отштета“, а и било забрането да зборува за инцидентот. Нејзините претпоставени во паркот на дождовната шума Ксишуангбана наводно се обиделе да „скријат“ сè, пишува Дејли мејл.

@illizabet11 They didn’t believe us, the fish was dangerous. We were forced to swim with these fish, and today one of our colleagues was bitten on the head by a fish. She went to the hospital, they offered us money and threatened to fire us and cancel our visas. But we didn’t go into the water. #dangerous #fyp #mermaid #china #viralvideo ♬ original sound – Elizabeth

Слатководниот аквариум може да се пофали со автохтони видови од реките Меконг и Јангце и други ретки водоземци.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното