Во септември 2012 година, Крис Лимонс ја измами смртта во една од најдраматичните мисии за нуркање досега.
Додека поправал технички дефект на нафтен извор, останал без извори на кислород, светлина и топлина, на длабочина од речиси 100 метри под површината на Северното Море.
Лимонс беше дел од тимот со нуркачите Дејв Хуас и Данкан Олкок, кои се спуштија на длабочина од 91 метар користејќи специјално нуркачко ѕвоно.
Нивната задача била да поправат цевка на морското дно во близина на нафтениот извор Хантингтон, источно од Питерхед во Абердиншир.
За време на мисијата откажа системот за динамичко позиционирање на бродот „Биби Топаз“ поради неповолните временски услови, што предизвика низа проблеми.
Кога алармот сигнализираше дефект, Лимонс веќе работеше на голема длабочина. Неговиот кабел, кој овозможуваше проток на кислород, топлина и комуникација со површината, се скина, оставајќи го целосно изолиран на морското дно.
„Бев во апсолутна темнина длабока речиси 100 метри“, се сеќава Лимонс. Тој остана само со резервен кислород, кој можеше да издржи само пет до шест минути.
Како што одминуваа секундите, Лимонс ја изгуби свеста. Неговите колеги избезумено се обиделе да го лоцираат со далечинско подводно возило.
По 35 минути го пронашле без свест, но со минимални знаци на живот.
Дејв Хуаса и Данкан Олкок успеаја да го вратат во нуркачкото ѕвоно и почнаа со CPR. На изненадување на сите, Лимонс се разбудил без трајни здравствени последици.
Три недели по овој инцидент, Лимонс се врати во вода со својот тим. Неговата приказна инспирираше многу луѓе ширум светот и беше снимена во документарниот филм „Последниот здив“, кој содржи автентични снимки и емотивни интервјуа на сите учесници.
Оваа неверојатна приказна за преживување ја покажува силата на човечката волја и способноста да се прилагоди на екстремни ситуации. Крис Лимонс останува симбол на издржливост и храброст, а неговата приказна сè уште ги инспирира нуркачите ширум светот.