Свет

ВИДЕО Драма по мечот од ЛШ: Автобусот на Реал Мадрид се судри со камион на автопат

ВИДЕО Драма по мечот од ЛШ: Автобусот на Реал Мадрид се судри со камион на автопат

Еден вид драма се одвиваше по натпреварот од 5. коло од Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Реал Мадрид во Англија, додека автобус на Кралскиот клуб доживеа сообраќајна несреќа на автопат, пренесуваат англиските медиуми!

Како што пишуваат, несреќата се случила на автопатот М40 по поразот на Реал Мадрид од Ливерпул со минимален резултат (1:0).

Во несреќата учествувал автобус кој се судрил со камион.

За среќа, како што пренесува Мирор, во автобусот во тој момент немало тимски играчи или тренери, туку автобусот превезувал клупска опрема.

Вообичаено, самите играчи се враќаат дома веднаш по натпреварот, а автобусот со опремата потоа се враќа по пат назад во Шпанија. Автобусот првпат се појави во јавноста во октомври 2024 година, а сега доживеа несреќа.

Не е познато дали возачот на автобусот или камионот е повреден.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни