ВИДЕО Два воза се судрија во Словачка, десетици повредени

Два воза се судрија во Словачка во неделата навечер, откако едниот удрил во задниот дел на другиот, при што беа повредени десетици патници, соопштија властите, повикувајќи се на агенцијата Ројтерс.

Видео објавено од противпожарната и спасувачката служба на земјата прикажува човек кој со носилки се изнесува од возот, додека снимките од Министерството за внатрешни работи покажуваат силно полициско присуство и екипи за итна помош на местото на несреќата.

Според податоците, десетици патници добиле полесни повреди, а 11 лица се пренесени во болница. Нема загинати во несреќата.

Судирот се случил пред тунел, на делницата меѓу главниот град Братислава и градот Пезинок, околу 20 километри североисточно.

Според првичните информации, не станува збор за силен судир, ниту за излетување на воз од шините, информира полицијата. Причините за несреќата се утврдуваат.

Ова е втор ваков инцидент во Словачка во изминатиот месец – на 13 октомври, во источниот дел на земјата, се судрија два воза, при што беа повредени 91 лице.