ВИДЕО Еди Рама на колена ја пречека Џорџа Мелони: „Тој го прави ова за да биде висок колку мене“

Со особено топол пречек и гестови на учтивост, албанскиот премиер Еди Рама ја дочека италијанската премиерка Џорџа Мелони, отстранувајќи и чадор и симнувајќи се на колена во знак на почит.

Мелони реагираше со зборовите: „Еди престани… Тој го прави ова за да биде висок колку мене“, рече Мелони, шегувајќи се.

Таа беше прашана од новинарите дали планира да го посети италијанскиот центар за имигранти во Ѓадр, на што одговори дека „не може да го посети денеска поради ограниченото време“, но додаде дека „работата таму продолжува“. Според неа, ова покажува дека работите се на вистинскиот пат.

– Немам време да навлегувам во детали, но работата продолжува, а ова исто така ја докажува брзината на работењето. Покажувајќи, како што ветивме, дека сме на вистинскиот пат, рече кусо таа.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното