ВИДЕО: Еди Рама турна новинарка, не му се допадна прашањето!

Премиерот на Албанија, Еди Рама на прес-конференција оттурна новинарката бидејќи не му се допаднало прашањето што му го поставила, јавуваат локалните медиуми.

Според „Газета 10“, Рама турнал репортерка на телевизијата СИРИ.

Се вчитува...

Според нив, репортерката го прашала „зошто парите на албанските даночни обврзници одат во новото пристаниште, а во сегашното пристаниште Драч се продаваат станови на приватни инвеститори“, по што тој ја оттурнува.