Македонија

ВИДЕО Експлозии и пожар во гаража во Велес, запалено возило!

ВИДЕО Експлозии и пожар во гаража во Велес, запалено возило!

На 24 февруари, во 17:35 часот, пријавено е дека избувнал пожар во гаража на ул. Самоборска број 7, во близина на Заразното одделение при општа болница Велес, соопшти Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Велес.

На местото на настанот веднаш интервенираше екипа од 4 пожарникари со едно противпожарно возило. При пристигнувањето, пожарот бил во развиена фаза и зафатил патничко моторно возило. Пожарот беше успешно изгаснат од страна на екипата на ТППЕ Велес, а во моментот нема информации за повредени лица.

Од единицата посочуваат дека интервенцијата била брза и професионална, со цел да се спречи понатамошно ширење на огнот и штета на околните објекти.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни