Песната посветена на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, стана вистински музички хит и брзо ги надмина политичките поделби.
Автор на текстот е Менсур Капетан, а музиката и аранжманот ги потпишува Ѓунеш Билали.
Според мештаните, песната првично била создадена како израз на почит и благодарност за работата на Димитриевски во населбата Средорек, но наскоро се проширила и меѓу пошироката јавност, освојувајќи голема популарност на социјалните мрежи и локалните забави.