ВИДЕО Еве кои се лицата кои го оставија празниот куфер кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Министерството за внатрешни работи ги идентификува лицата кои вчера го поставија сомнителниот куфер на плоштадот „ВМРО“ пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.

Станува збор за швајцарскиот државјанин Рафаел С. (1987) и женско лице со идентитет Вивиан С.Х. (1985), кои во Македонија пристигнале на 1 октомври со лет од Цирих.

Од МВР соопштија дека според видеонадзорот, двете лица го разгледувале просторот, по што едното оставило куфер пред објектот. По пријавата, полицијата веднаш интервенирала и утврдила дека куферот е празен.

Случајот е целосно расчистен, а надлежните служби продолжуваат со проверка на мотивите на странските државјани.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.