ВИДЕО Големи експлозии во едно од најголемите складишта за муниција во Русија — се евакуираат селата

Украински извори денеска објавија дека во силните експлозии кои го погодија 51. арсенал на руското Министерство за одбрана во Владимирската област, била уништена огромна количина муниција, вклучувајќи проектили за системи за противвоздушна одбрана, повецеводовни ракетни системи и наведувани бомби.

Станува збор за една од најголемите локации за складирање на воена опрема во Русија.

Според очевидци, се евакуираат неколку села во непосредна близина на складиштето поради продолжување на експлозиите. Државната новинска агенција ТАСС официјално ја потврди евакуацијата на селото Барсово.

Експлозиите се случиле во воената единица со број 55443-44, позната како 51. арсенал на Главната управа за ракетно-артилериско вооружување (ГРАУ), која се наоѓа во местото Барсово, околу 60 километри североисточно од Москва и околу 500 километри од границата со Украина.

Според руски и украински извори на социјалните мрежи, погодена била инфраструктура во која можело да се складираат до 264 илјади тони разна воена опрема.

На социјалните мрежи се појавија снимки и фотографии од огромен облак од чад кој се издигнува над складиштето, а детонации сè уште се слушаат на терен. Руски власти, според достапните информации, започнале евакуација на населението од околните подрачја. Меѓу уништената муниција, наводно имало:

наведувани воздушни бомби (ФАБ)

артилериски гранати

проектили за повецеводовни ракетни системи (MLRS)

противтенковски ракети (ATGM)

ракети за системите за противвоздушна одбрана С-300В и Оса.

Украинците тврдат дека се работи за напад со дронови, Русите се закануваат за ширење снимки

Иако Москва засега официјално не го потврдила причината за експлозиите, украински извори тврдат дека станува збор за напад со беспилотни летала, што би бил уште еден во низата прецизни удари врз воени цели на руска територија.

Александар Авдеев, гувернерот на Владимирската област, ги потврди експлозиите, но не откри никакви детали. Тој на својот профил на Телеграм напиша дека ширењето на фотографии и видеа од инцидентот е казниво со закон.

Да потсетиме, украинските сили во последните месеци сѐ почесто користат беспилотни летала со долг дострел и самонасочувачки дронови за напади на складишта со гориво, оружје и воена инфраструктура стотици километри од фронтот, вклучително и во региони кои се сметаа за безбедни за стратешка логистика на руската армија.

Доколку се потврдат овие сè уште неофицијални информации, ќе станува збор за еден од досега најголемите документирани загуби на руската воена логистика на домашна територија од почетокот на инвазијата на Украина во февруари 2022 година.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното