Силно невреме ги погоди западните региони на Соединетите Американски Држави, оставајќи илјадници домаќинства без електрична енергија.
Речиси два метри снег падна во делови од северна Калифорнија во последните 24 часа, што предизвика прекин со снабдувањето на електричната енергија и затворање на поголем дел од патиштата. Еден од главните патишта кој ја поврзува Калифорнија со Невада, исто така беше затворен поради лошите временски услови и невремето.
Во шест држави на сила се предупредувањата од можна лавина, пренесуваат американските медиуми.