Голем пожар изби во поранешниот тутунски комбинат во Тетово. Во моментов речиси целиот град е надвиснат со црни облаци.
На терен се неколку противпожарни возила со пожарникари кои се обидуваат пламените јазици да ги стават под контрола.
Во моментов нема информација што точно се чувало во магацините, ниту дали имало присутни луѓе. Екипа на 4NEWS.mk е во Тетово и известуваме за разговој на настаните.
Локалните жители се во паника, велат дека овој голем пожар ги потсетува на трагедијата која на 8-ми септември минатата година се случи во модуларната болница во Тетово.