ВИДЕО Гори депонијата кај Визбегово

Утрово избувна пожар во депонија во Визбегово, при што густ и црн чад се издигна над градот и се прошири низ повеќе скопски општини.

Засега не е позната причината за пожарот, ниту дали има повредени.

Граѓаните во тој дел на градот, се жалат на непријатен мирис и слаба видливост.

Се препорачува лицата со респираторни проблеми да избегнуваат престој на отворено.

Се очекува надлежните институции наскоро да излезат со повеќе информации за причините и последиците од пожарот.