Македонија

ВИДЕО Град со големина на лешник во Скопје

ВИДЕО Град со големина на лешник во Скопје

Попладнево делови од Скопје беа погодени од краткотрајно, но интензивно невреме проследено со град со големина на лешник.

Невремето беше проследено со пороен дожд и засилен ветер, а граѓаните на социјалните мрежи споделија фотографии и видеа од улици, автомобили и дворови покриени со мраз.

Невремето предизвика оштетувања на зеленилото, како и мали материјални штети на возила.

Засега нема информации за повредени лица или посериозни последици.

Метеоролозите најавуваат нестабилно време и во текот на вечерта, со можност за нови локални врнежи и грмежи. Граѓаните се повикуваат на зголемена претпазливост.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни