Адвокатот Александар Тортевски во вечерашното издание на „Click Plus“ на ТВ21 вели дека Груевски можно е да има и унгарско државјанство. Тој потсетува на патот по кој Груевски од Македонија завршил во Унгарија, ставајќи акцент на документот кој на Груевски му бил издаден во унгарската амбасада во Тирана, документ кој му ја отвори балканската рута во целост.
Тортевски вели дека таков документ се издава само на лице кое е државјанин на некоја земја, а го изгубил пасошот, но го коментира и барањето за азил, за кое како што вели тој е само формалност, бидејќи Орбан е на власт, од него може се да се очекува.
„Додека Орбан е на власт Груевски нема да го видеме тука“, вели адвокатот Александар Тортевски.
