ВИДЕО: Хаос во Нови Сад, демонстрантите го нападнаа Градското Собрание, фрлен бибер спреј и солзавец!

Градското собрание во Нови Сад е нападнато за време на протестот кој се одржува поради несреќата што се случи на Железничката станица кога падна настрешницата и загинаа 14 лица.

Во Собранието внатре е Жандармеријата, која изгледа ги опколи демонстрантите од сите страни.

Се вчитува...

Организаторите во еден момент повикаа на смирување на тензиите, што не им се допадна на демонстрантите, особено информацијата дека протестот ќе продолжи утре во Белград.

Полицијата фрли бибер спреј и солзавец! Ситуацијата станува многу деликатна на улиците на Нови Сад.