Свет

ВИДЕО: Хаос во познат забавен парк: Владата прогласи карантин, десетици илјади луѓе останаа заробени

ВИДЕО: Хаос во познат забавен парк: Владата прогласи карантин, десетици илјади луѓе останаа заробени

Посетителите на забавниот парк на Дизни во кинескиот град Шангај останаа заробени внатре откако властите и менаџерите на паркот воведоа итна блокада поради коронавирусот.

На социјалните мрежи се појавија снимки од луѓе кои наводно брзаат кон заклучените порти на тематскиот парк во обид да избегаат од карантин, пишува The Guardian .

Во моментот на затворањето, во паркот имаше околу 60.000 луѓе . Тамошната влада најави дека на сите луѓе им е забранет влез и излегување од паркот, а оние кои ќе останат заробени мора да бидат тестирани и да покажат негативен резултат доколку сакаат да го напуштат.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни