ВИДЕО: Хит на интернет, мачка покрај својата храна јаде и салата!

Многу луѓе често нарачуваат салата како прилог заедно со главното јадење. Но, дали некогаш сте помислиле дека и мачката може да го направи тоа?

На Тик Ток е објавено видео на кое сопственичката на црна мачка покажува како нејзиното милениче покрај својата храна „јаде“ и салата.

„Мојата мачка одбива да ја јаде својата влажна храна, освен ако има придружна салата“, напиша таа.

И навистина, мачката од видеото го јаде главното јадење, потоа загризува од салатата, а потоа повторно се враќа на главното јадење…

@the_shags2021 #blackcat #housepanthers #funnycat #spoiledcat #pickycat #catseating #healthyeating #becausecats #salads #catsareweird ♬ original sound – The_Shags2021

„Немам поим како стигнавме до ова“, додава сопственикот.

Видеото за три дена собра 6,5 милиони прегледи. Оние кои не сакаат зеленчук можат да го сфатат ова како знак за почеток затоа што – дури и мачките го јадат.