Свет

ВИДЕО Илјадници километри од епицентарот: Случајни минувачи ги затрупа вода од базен што се излеа од врв на зграда

ВИДЕО Илјадници километри од епицентарот: Случајни минувачи ги затрупа вода од базен што се излеа од врв на зграда

Разорен земјотрес го погоди Мјанмар во петокот, а земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала беше почувствуван на илјадници километри – во Тајланд, Кина, Индија.

Спасувачките служби трагаат по преживеани, а се стравува дека конечниот број на загинати ќе надмине неколку илјади.

На социјалните мрежи се шират снимки од тресењето. Снимка од град во кинеската провинција Јунан покажува како водата од базенот сместен на врвот на зградата во големи количини паѓа врз минувачите на улицата, што доволно говори за интензитетот на земјотресот кој беше почувствуван во радиус од неколку илјади километри од епицентарот во Мјанмар.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни