ВИДЕО Илјадници луѓе евакуирани – пожар зафати огромна површина во Њу Џерси

Шумски пожар во Њу Џерси, САД, зафатил површина од 3.200 акри и довел до евакуација на неколку илјади жители, соопшти локалната Служба за шумски пожари.

Во објава на службата на „X“ е наведено дека пожарот ги зафатил општините Оушен и Лејси, додека АП јавува дека до вторник вечерта само 10% од пожарот бил ставен под контрола, повикувајќи се на противпожарната служба на Њу Џерси.

Локалната жителка Деби Шафер изјавила за АП дека околу нејзината куќа во Веартаун „е како во воена зона“, со чад, сирени и бучење на хеликоптери. Пожарот претставува закана за околу 1.300 објекти, а наредена е задолжителна евакуација за 3.000 жители. АП наведува дека пожарот се шири во близина на фарма со алпаки, но од таму велат дека имотот не е загрозен и дека животните се безбедни.

Сателитската библиотека CIRA наведува дека пожарот во Њу Џерси брзо се проширил.

Профилот на „X“ Hotshot наведува дека во Њу Џерси владее „целосен хаос“ додека огнот се шири низ населените места.

„Пожарот последен пат беше проценет на 3.200 хектари. Ова е неверојатно однесување на пожар за Њу Џерси или каде било на друго место. Среќно на сите кои се таму и се обидуваат да се справат со тоа. Ова е просто лудо“, стои во објавата.

Би-Би-Си пишува дека се затворени неколку главни автопати долж патеката на пожарот и дека засега нема пријавени жртви.

Во тек е истрага за причината на пожарот, кој е втор голем шумски пожар во регионот за помалку од една недела, наведува АП.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното