Свет

ВИДЕО Инфлуенсер ликвидиран во живо: Си ја снимил сопствената смрт!

ВИДЕО Инфлуенсер ликвидиран во живо: Си ја снимил сопствената смрт!

Несаку им зборуваше на следбениците додека пушеше цигара и слушаше музика надвор од неговиот дом во неделата, но ненадејно одекнаа неколку експлозии и емитувањето беше прекинато. Камерата се движи толку брзо што е невозможно да се открие што точно се случува.

Локалните медиуми јавуваат дека младиот човек бил застрелан четири пати. Еден куршум наводно го погодил во главата. На видеото се гледа како Несаку ја врти главата во еден момент пред да одекне првата експлозија.

Тој итно бил пренесен од својот дом во сиромашниот кварт во Рио де Жанеиро во локална болница, но лекарите не можеле да му го спасат животот и бил прогласен за мртов.

Се верува дека инфлуенсерот, чие вистинско име е Ромим, бил убиен од најмени убијци.

Локалните медиуми јавуваат дека убиството може да биде поврзано со трговија со дрога и организиран криминал.

Несаку најмногу правеше смешни видеа за неговиот начин на живот. Локалните медиуми објавија дека пред убиството тој се фалел дека има повеќе од 100.000 следбеници на TikTok.

Познатата иранска TikToker, да потсетиме, беше убиена неодамна во автомобил пред нејзината куќа во Багдад.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни