Јавна расправа за Предлог законот за социјална заштита се одржува во Собранието. На расправата покрај претставници на Министерството за труд и социјална политика, учествуваат и претставници на граѓанските организации и експерти.
Предложениот Закон за социјална заштита е една од трите законски регулативи од социјалната реформа со која се преобразува целото општество и начинот на кој државата се грижи за најранливите, но и се воведува праведна распределба на средствата. Според проценките на МТСП со социјалната реформа ќе бидат извлечени 400 илјади граѓани над линијата на сиромаштија, но и ќе се обезбедат еднакви шанси за секое дете. Во вестите во 15:15 разговаравме со Софија Спасовска.