ВИДЕО Капибари како скокаат во вода ги воодушеви луѓето: „Да бевме сите вака учтиви“

СИТЕ САКААТ капибари (водно прасе), а интернетот е полн со видеа од овие симпатични суштества како се согласуваат со сите, дури и со видовите што би можеле да ги изедат. Тие имаат еден вид пријателска енергија, поради што дури и алигаторите ги гледаат како пријатели, а не како оброк.

Не се знае, всушност, која е нивната тајна. Се шпекулира дека се работи за нивната смиреност – игнорираат се околу себе додека некој не им претставува закана. Токму затоа повеќето животни, освен оние кои се очајно гладни, не ги гледаат како плен.

Слатките глодари се омилени меѓу луѓето, па не е чудно што едноставно видео од капибара како скока во вода е прегледано неверојатни 805.000 пати. „Јас сум во рајот“, „Колку се слатки“, „Ги обожавам“, „Да беа луѓето вака љубезни“, беа само дел од коментарите на виралното видео.