Кина достави информации и документи за заедничка истрага за оштетените подводни кабли во Балтичкото Море и ги покани Германија, Шведска, Финска и Данска да учествуваат во истрагата, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи, пренесе Ројтерс.
Во делот на Балтичкото Море кој припаѓа на шведските територијални води, минатиот месец беа оштетени два подводни кабли за пренос на податоци.
Шведските, финските и литванските власти го истражуваат оштетувањето на каблите, додека германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека постои сомневање за саботажа.
⚡️🇨🇳Chinese ship suspected of damaging telecommunications cables in the Baltic Sea acted on instructions from 🇷🇺Russian intelligence – WSJ pic.twitter.com/0oAC06sbKf
— 🪖MilitaryNewsUA🇺🇦 (@front_ukrainian) December 15, 2024
Пекинг спроведува истрага на брод под кинеско знаме во Балтичкото Море.
Во прашање е товарниот брод „Џи Пенг 3“, закотвен меѓу Шведска и Данска. Шведската полиција ќе учествува како набљудувач.